Уапсено момчето кое избоде навивач на Фенербахче до смрт
20-годишно момче си заработи кривична пријава поради сомнение дека го убил навивачот на фенербахче во Галатасарај.
19-годишниот Бурак Јилдирим, во неделата по дерби мечот кој заврши со победа на Фенербахче од 2:1, беше избоден со нож до смрт додека чекал автобус, а осомниченото 20-годишно момче за неговата смрт е фатено додека се обидувало да избега со автобус.
- „Единствениот мотив за ова убиство, за жал, е фудбалското ривалство, што навистина е повеќе од тажно“, изјави шефот на истанбулската полиција, Хусеин Чапкин.