Маглата утре повторно ќе го покрие Скопје- еве какво време не очекува

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно. По котлините ќе се задржи магливо. Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од еден до девет степени.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до два степена.

30.01.2014 - 18:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа