Енгел: Нема да има поделба на Косово!

 

Нема да има поделба на Косово, ниту отцепување на некој негов дел и тоа е многу важен принцип, изјави американскиот конгресмен, Елиот Енгел во интервју за Радио Слободна Европа.

-Мислам дека со бриселскиот договор Косово има придобивки, затоа што Србија за прв пат де факто го призна Косово и приштинската Влада ќе воспостави целосна контрола на Косово. Нема да има поделба на Косово, отцепување на некој делови и тоа е важен принцип, вели конгресменот.

Тој не ја поддржува идејата за размена на територии на Косово и Србија.

-Косово е на Балканот, каде не се знае каде е крајот. Доколку се променат границите на Балканот, доколку се подели Косово, што ќе се случи ако и Република Српска посака да биде дел од Србија? Што ќе се случи ако делови од Македонија сакаат да се променат, што ќе се случи со Босна? На тоа му нема крај и тоа не би можело да се реши ни за 100 години, изјави Енгел.

 

најчитано сега