Тутунот ќе се откупува и во сабота и недела

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, денеска истакна дека од задутре тутунот ќе се откупува и за време на викендите. Коњановски по посетата на пунктовите во Прилепско и работната средба со откупувачите истакна дека тутунот ќе се откупува секоја сабота и недела.

- Будно ги следиме состојбите и бараме Законот за тутун да се почитува во целост. Секој тутунар што смета дека е оштетен при проценката треба да се обрати до Инспекторатот за земјоделство за да се направи повторна проценка од страна на Второстепената комисија, потенцира Коњановски.

Според Коњановски, досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари за килограм, а до сега на 10 компании им се изречени казни за непочитување на Законот за тутун.

 

30.01.2014 - 15:26
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега