Статистика: Расте бројот на работниците во индустријата

Податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика говорат дека бројот на работниците во индустријата во 2013 година пораснал за 1,1 отсто во однос на претходната година.

Бројот на работниците лани во декември во однос на истиот месец од 2012 година во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,2 отсто, во Преработувачката индустрија има пораст од 3 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација останал на исто ниво, а според главните индустриски групи во декември 2013 година во однос на декември 2012 година пораст се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 проценти. 

Податоците говорат дека опаѓање има кај Енергија за 0,9 отсто, додека кај Капитални производи индексот е на исто ниво.

30.01.2014 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега