Концерт на Македонската филхармонија под диригентска палка на Пантелеев
Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи последниот концерт од циклусот „Лауреати“ во оваа концертна сезона.
Филхармонијата ќе настапи под диригентската палка на бугаринот Мартин Пантелеев, а во улога на солист ќе се појави еден од најистакнатите унгарски виолончелисти, Ласло Фењо.
На програмата се концертот за виолончело и оркестар од Антони Гвождак, а под водство на маестро Пантелеев оркестарот ќе ја исполни Фантастичната симфонија на Хектор Белиос.
ФОТО: мтв