Научен собир на млади македонисти

 

Од денеска до 18 мај на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ќе се одржи Осмиот научен собир на млади македонисти. Настанот го организира Катедрата за македонски јазик и југословенски јазици, а негов покровител е ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

На собирот се пријавени 50 учесници, од кои 19 се странци, главно студенти, постдипломаци, докторанти од странски универзитети кои се занимаваат со  теми од областа на лингвистиката и славистиката. 

Првиот научен собир на млади македонисти се одржа пред 20 години, а од оваа година во својот назив тој ќе добие уште една одредница - Конференција во чест на професор Лилјана Минова - Ѓуркова. Со ова катедрата изразува благодарност и чест на професорката која беше иницијатор и долгогодишен поддржувач на овие собири. 

ФОТО: Факултети.мк

најчитано сега