По "кралот на бакарот" Северина си го ќари "кралот на млекото"
Хрватките и српските медиуми деновиве пишуваат за новата романса на убавата хрватска пејачка Северина. Според нив, 50-годишниот Лука Рајиќ, кој е хрватски бизнисмен, наводно е во врска со убавата пејачка.
Тој кариерата ја започнал како продавач на пазар, а денеска неговото богатство се проценува на 400 милиони евра. Како што пренесува српскиот Курир, Лука живее долги години во Швајцарија, но повремено се враќа, а овој пат паднал на шармот на Северина.
До неодамна, Северина беше во врска со Кралот на бакарот, Милан Поповиќ, а сега си го ќари "кралот на млекото".
30.01.2014 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа