Грците збунети: „Македонија“ одекна во претседателската палата во Атина

Грчките медиуми денеска наголемо пишуваат за една случка во претседателската палата во Атина која ја нарекоа „дипломатски фаул“.

Како што јавува МИА, грчкиот претседател Каролос Папуљас вчера организираше прием за дипломатскиот кор во земјата, на кој присуствуваа и членови на државниот врв, а пред самиот почеток една од службеничките која била задолжена за протоколот, му пришла на македонсиот амбасадор Сашо Стефков и имала проблем да го прочита долгата референца на нашата земја, односно ПЈРМ со која ни се обраќа Грција.

- Знам дека е долго името, скратете го на Македонија, ја пренесуваат грчките медиуми реченицата која нашиот амбасадор и ја упатил на службеничката.

Како што дознава МИА пред, за време и после приемот  немало никакви официјални обраќања од страна на македонскиот амбасадор.

Грците се збунети и не можат да разберат како името Македонија се слушнало пред почетокот на приемот и „пред сите присутни амбасадори“.

30.01.2014 - 13:18
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега