Фирмите ќе ги доставуваат годишните сметки по електронски пат

Фирмите поедноставно и поефикасно ќе ги поднесуваат годишните сметки до Централниот регистар на Република Македонија. Електронскиот систем ќе стартува со доставување на годишните сметки за 2013 година, за што крајниот рок е продолжен до 15 март.

Премиерот Никола Груевски потенцираше дека ова е уште еден чекор за олеснување на деловното работење на фирмите во Република Македонија.

- Успеавме да докажеме дека регистрирањето фирма не мора да биде за 48 дена, туку дека може да биде и за четири часа. Успеавме да докажеме дека шалтерите и хартијата во многу случаи можат да се заменат со електронско комуницирање, успеавме да докажеме дека многу административни бариери кои ги мачеле фирмите во минатото, да се скратат или воопшто да не постојат, докажавме дека граѓаните не мора да чекаат по шалтери за разни документи, туку дека институциите може да се поврзат и да користат меѓусебни електронски бази на податоци за вадење документи, истакна премиерот.

Според Груевски, сите овие проекти освен што директно влијаат за подобрување на бизнис климата во земјата постојано ги подобруваат и оценките на Република Македонија во извештајот Дуинг бизнис, но и во голем број други извештаи, статистики и рангирања, секако и странските инвеститори.

Директорот на Централниот регистар на Република Македонија Ванчо Костадиновски посочи дека улогата на Регистарот е реформаторска и оти овој систем е во насока на подобрување на условите за водење бизнис.

Централниот регистар очекува да бидат доставени годишни сметки од околу 100 илјади правни субјекти.

30.01.2014 - 13:13
Фото: 
таратур

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега