Ал Каеда нема бази во Турција

 

 

Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танџу Билгич ги демантираше информациите дека во Турција има бази на Ал Каеда.

Неговата изјава уследи по вчерашното тврдење на началникот на израелското воено разузнавање генерал-мајор Авив Кочави дека некои од припадниците на Ал Каеда, кои се борат во Сирија имаат бази во соседна Турција. Кочави тврди дека во Турција има три бази на Ал Каеда.

Билгич наведе дека поради кризата во Сирија некои групи, инспирирани од Ал Каеда го зајакнале присуството во регионот и претставуваат закана за безбедноста на Турција.

- Турција активно се бори против тие групи и соработува со меѓународната заедница за тоа прашање. Во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, Турција стриктно ги исполнува ангажманите за мерки против Ал Каеда и лица и групи поврзани со терористичката мрежа, наведе Билгич.

30.01.2014 - 13:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега