Македонски пратеници на пролетната сесија на ПС на НАТО

 

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО, предводена од пратеничката Ермира Мехмети, а во чиј состав се и Павле Трајанов и Горан Сугарески, од денеска до 19 мај ќе учествува на Пролетната сесија на ПС на НАТО, што се одржува во Луксембург.

Освен на пленарната седница, делегацијата ќе учествува и во работата на петте комитети на ПС на НАТО, меѓу кои и Комитетот за цивилна димензија на безбедноста, каде што ќе биде разгледан извештајот на комитетот за Западниот Балкан.

најчитано сега