Чувар на Аушвиц мирно живее во Осиjек?

Хрват е под истрага на Германското Специјално обвинителство за истражување на злосторствата од национал-социјализмот за која се сомнeва дека учествувала во воените злосторства во Втората светска војна.До Хрватска се доставени податоци за идентитетот на личноста.

Како што објавува весникот „Јутарњи лист“, името на Јакоб Денцингер од Осијек (односно Јакоб Франк Дензингер) е на германскиот попис со 60 имиња.

Државното обвинителство на Хрватска ја потврдува веста на весникот, но не го соопштува идентитетот на лицето кое се наоѓа на листата на злосторници. Јакоб е роден 1924 година, во близина на Осиjек, и бил поранешен припадник на СС одредот на Национал социјалистичката партија на Адолф Хитлер, а бил и чувар на нацистичките логори на смртта. Допoлнителни податоци за него биле побарани и од САД.

Германците не доставиле податоци дека тој учествувал во нацистичките злосторства, но сигурно е дека тој бил дел од нацистичкиот воен апарат, што е доволно за подигање на обвинение.

Американското Министерство за правосудство на 1 август 1989 предложило покренување судска постапка против Јакоб Франк Дензингер, роден 1924, во Хрватска, Југославија. Според нивните информации Дензингер во Втората светска војна бил припадник на Вафен СС одредот, една од најкрволочните единици на Хитлеровата војска Тотенкопфа (Мртoвeчка глава).

30.01.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега