Која позната пејачка ја покани Илма Карахмет на својот концерт?

Српските медиуми деновиве пишуваат дека легендарната Дорис Драговиќ која настапи на минатите елиминации на Икс-Фактор, ќе има дует со малата Илма Карахмет.

Дорис Драговиќ ја поканила Илма да и биде специјална гостинка на нејзиниот голем концерт кој ќе го одржи по повод католичкиот празник Свети Валентин во Комбанк Арената во Белград. Средбата, како што пренесуваат српските медиуми, била емотивна, бидејќи Илма е голем фан на Дорис.

Доколку ова се случи, тоа ќе биде прв настап на натпреварувачката на Икс-Фактор во преполна арена.

30.01.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега