Вработена во McDonald's ставала хероин во детските оброци

Вработена во ресторанот за брза храна „McDonald's", во Питсбург заврши зад решетки откако е откриено дека во хамбургерите кои ги правела ставала хероин.

Според податоците од Associated Pres, се работи за 26-годишна девојка Шанаја Денис којабила откриена благодарејќи на информации добиени од полициски поткажувачи.Таа дрогата ја ставала во оброците за деца, а потоа за да се купи оброкот оној кој купува требало да каже лозинка. Па така, откако ќе ја иговореле реченицата "Сакам да нарачам играчка", ја добивале и дрогата во пакетот.

Откако било откриено што прави девојката, полициски службеник ѝ се обратил на Денис барајќи десет „оброци" хероин, по што таа била уапсена.

30.01.2014 - 12:12
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега