Продолжен рокот за елаборати на дивоградби и за легализација на тераси

Владиниот потпарол, Александар Ѓеорѓиев, на денешната прес-конференција, информираше дека со измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата го усвои на последната седница ,рокот за достава на елаборати за легализација на дивоизградени објекти се продолжува до 31 декември 2015 година, а ќе биде продолжен и рокот за легализација на тераси пренаменети во станбен простор до 30 јуни 2015 година.

 

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, осврнувајќи се на продолжувањето на рокот за легализација на тераси, напомена дека тоа ќе важи за оние доградби кои се изградени до 3 март 2011 година.

 

Досега се легализирани околу 90 илјади дивоизградени објекти од вкупно поднесените 350 илјади барања за легализација.

30.01.2014 - 12:05
Фото: 
новини

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа