Си ја заклала љубовницата со нож бидејќи имала секс и со мажи

Уште еден хорор ја потресе Србија. Србинка си ја убила партнерката бидејќи имала секс и со мажи.

Како што пренесуваат српските медиуми, се работи за 50-годишната Марина Стоиљковиќ која е осомничена дека ја убила девојката со која била во врска, чиј идентитет не се открива, бидејќи се занимавала со проституција. Она што најмногу и пречело на Србинката е тоа што нејзината партнерка имала односи исклучиво со мажи.

Телото на убиената е откриено десет дена по злосторството во стан кој таа три месеци претходно го изнајмила. Полицијата упаднала во станот по повик од сосед кој се жалел на силна миризба.

„Убиената беше само во долен веш на подот покрај влезната врата од станот. Крв имаше насекаде. Дури и по ѕидовите. Имаше рана на вратот, а околу имаше искината облека, која укажуваше на тепачка. Телото веднаш е испратено на одбукција, со која што е утврдено дека е заклана со нож“, вели очевидец за српски Блиц.

Девојката која ја убила проститутката е притворена за делото кое го направила.

30.01.2014 - 11:56
Фото: 
пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега