Полицијата направи "парче" во Штип - фатен штипјанец кој дома криел 8.000 петарди

Штипјанец дома криел голема количина пиротехнички средства. Се работи за 35-годишниот М.Н.кој ќе си заработи кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пред неколку денови при извршен преглед во неговиот дом биле пронајдени 7.748 парчиња пиротехнички средства, кои за паричен износ од 21.000 денари ги набавил од непознато лице на Бит Пазар во Скопје.

30.01.2014 - 11:34
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега