„Тешко ми е што немам време за семејството“ - искрена исповед на Дејвид Камерон
Британскиот премиер Дејвид Камерон во интервју за Би-Би-Си призна дека не успева да се навикне на тоа дека нема приватност и дека секогаш е нервозен кога и да оди да поднесе извешатј на кралицата и тешко му е да најде време за семејството.
- Кога по работа одам на катот кај децата и натаму се уште сум на телефон и морам на сите да им бидат достапен, бидејќи никогаш не знаете кога ќе морате да донесете некоја одлука или кога ќе се случи нешто проблематично во светот, вели Камерон
Тој призна дека е тешко да се сочува фокусот на долгорочните политики, кога секој ден мора да се занимава со моменталните проблеми.
Со кралицата се состанува секој вторник, но и среда навечер на еден час.
- Свесен сум дека јас сум и 12-от премиер. Почнала со Винстон Черчил и веќе се слушнала, мислам дека тие задолжителни обиди за појаснување на тешките одлуки и проблеми на државата за премиерите се мошне корисни. Разговарате со некој, кој веќе ги видел и слушнал сите проблеми. Морате да бидете добро информирани, нагласи Камерон.
Тој ја исклучи можноста да настапува во англискиот Танц со ѕвездите или во кое било реално шоу.
- Сепак подобро печам колачи, отколку што се соблекувам или јадам инсекти, рече премиерот и додаде дека не би било лошо да се избори за финале во шоуто Грејт Бритиш Бејк Оф.
Телевизија ретко гледа, но ја обожува серијата Хоумленд, така што Американците за Божик ми ги испратиле сите сезони. Ги слуша Килерс, Смитс, Мамфорд енд Санс, ја сака Емилијана Торини и Флоренс енд д Машинс, а нова фасцинација му е младиот британски музичар Том Одел.
Тој вели дека единствено трчањето по парковите околу Вестминистер му го дава потребното чувство на анонимност и се обидува за тоа да најде време еднаш до два пати неделно. Камерон не го крие идентитетот, туку го штити со трчање во некое невообичаено време од денот. Парковите, вели, се воглавно полни со туристи, кои гледаат дека „покрај нив поминал некој средновечен дебелко и продолжуваат понатаму“.
- Среќен сум што имам таква прекрасна сопруга како Саманта, оваа година славиме 18 години брак и го обожувам нашиот заеднички живот. Горди сме на своите деца и се трудиме да најдеме време еден за друг, изјави Камерон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа