Малолетник украл компјутери од училиште во тетовско

Уште едно училиште стана мета на крадци. Според податоците од полицијата малолетник извршил тешка кражба во Основното училиште „Пашко Васа“ во с. Чифлик, тетовско.

Полицијата открила дека се работи за 15-годишниот З.З. кој влегол во училиштето  и одзел два лап-топ компјутери и еден полнач.

За делото кое го направил крадецот ќе си заработи соодветна кривична пријава.

30.01.2014 - 11:29
Фото: 
дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега