“Тепачка“ за карти за концертите на Каролина

Првиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите четири концерти 30 до 40 проценти од влезниците се веќе распродадени, информираат од Авалон Продукцја.
 
Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет 20 до 24 февруари.
 
Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се” како и на билетарата на МОБ.
 
Како што информираат од Авалон продукција Македонско Девојче 2 ќе биде во слободна  продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.
30.01.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега