Предвремените избори ќе се одржат на 27 април?

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 27 април, објавува Алсат, повикувајќи се на неименуван извори. Според информациите кои ги објави телевизијата, парламентарните избори ќе се поклопат со вториот круг од претседателските избори кои пак треба да стартуваат две недели порано, односно на 13 април. 

Телевизијата објавува дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во сабота ќе ги распише претседателските избори. 

Партиите имаат 20 дена од распишувањето на изборите да го објават својот претседателски кандидат. 

Алсат пишува дека речи си и да нема шанси ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат околу консензуален претседателски кандидат со што расте можноста Иванов да добие нова можност за мандат.

30.01.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега