Бугарите доаѓаат да си купат добра и евтина ракија - Македонија најевтина земја на Балканот

Цените на основните продукти и услуги се најниски во Македонија, а во Грција се највисоки на Балканот, покажува анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“.

Веднаш зад Македонија е Романија, а потоа следуваат Турција, Бугарија и Србија.

Анализата на „Труд“ е направена врз основа податоците за цените на основните продукти и услуги објавени на сајтот  www.numbeo.com. На веб-странцата може да се најадат и податоци за цените на храната, облеката, обувките и услугите во земјите од целиот свет.

Според овие податоци, Македонија има најниски цени на услуги во ресторани, храна, пијалоци и цигари, облеката е најевтина во Турција, додека во Грција се најевтини маслото за јадење, маслинките и прашакот за перење.

Според „Труд“, најдобро за бугарските граѓани е да купуваат храна и пијалаци во Македонија.

- Килограм пилешки гради таму чини 3,65 евра, а кај нас 4,46 евра. Шише вино со средна цена е за 0,83 евра поевтино отколку во Бугарија. Предјадење, главно јадење и десерт за двајца во ресторан во Македонија чини 15 евра, додека во Бугарија за тоа треба да се плати 20,34 евра, посочува весникот.

Жителите од регионот на Ќустендил, одат во Македонија за да набават основни прехранбени производи, бидејќи се поевтини, а се сметаат и за поквалитетни и поприродни. Овчото, кравјото и мешаното сирење чини околу 8 лева за килограм, кашкавалот од 10 до 12 лева, што е за 2 до 3 лева поевтино отколку во Бугарија.

- Хит е македонското брашно од типот - 400, кое е побело и поквалитетно отколку во Бугарија и полесно се меси, а цената му е само 1,5 лева за килограм. Маслото за јадење е околу 3 лева за литар, но е поквалитетно од нашето... Редовно од Македонија се купува и домашна ракија која чини од 4 до 4,5 лева за литар, додека бугарската е и до 10 лева за литар. Пушачите од Македонија купуваат и цигари. Таму „Карелија“ чини 3,05 лева, а во Ќустендил цената и е 4,70 лева. Се купуваат и лекови кои се поевтини отколку во бугарските аптеки, посочува „Труд“.  

30.01.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа