Коњановски на откупните пунктови за тутун во Прилеп

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска ќе ги посети откупните пунктови за тутун во општина Прилеп.

Од Сојузот на тутунските здруженија велат дека од вкупниот род што тежи околу 30.000 тони тутун, преземени се над 16.000 тони. Динамиката на откуп е зголемена, дневно се преземаат по 700 до 800 тони. 

Тутунарите не се задоволни од просечната цена која достигна 156 денари за килограм бидејќи, велат, родот е квалитетен.

Според Сојузот согласно динамиката, родот од 30.000 тони може да се откупи до крајот на овој месец, пред законскиот рок, 15 март.

30.01.2014 - 09:40
Фото: 
Lider.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега