Смрзнувачка: Се разбудивме на минус девет

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со тоа што повеќе сончеви периоди ќе има во првата половина од денот. По одделни котлини ќе се задржи магливо и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе биде доста студено.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Нов влажен бран од дожд и снег се очекува викендов. 

30.01.2014 - 08:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа