ФОТО: Сте ги виделе ли некаде? 54 годишен маж побегнал со 13 годишно девојче

Германската полиција веќе неколку месеци ги бара 54 годишниот Бернард Хасе и 13 годишната Мари-бриџит Хенселман на кои од 4 мај, минатата година им се губи секаква трага. Според информациите, Бернард ја запознал Мари преки Интернет. На почетокот и се претставувал како 14 годишно момче, но потоа и ја открил вистината. Со девојчето се гледал повеќе пати во хотел во Фрајбург.
Мајката на Мари за германските медиуми вели дека последен пат кога контактирала со неа, на 4 мај, девојчето ја излажало дека ќе преспие кај пријателката. Мајката се јавила во домот на нејзината другарка и дознала дека таа воопшто не е таму. Ја добила по телефон и и се заканила дека ќе пријави во полиција која веднаш ќе ја лоцира преку сигналот од мобилниот . Од тој момент Мари го исклучила телефонот и и се губи секаква трага. Германската полиција за овој случај ги известила полициите на сите европски земји. Се сомнева дека Маи можеби побегнала до 54 годишниот љубовник во некоја од земјите на Балканот.

29.01.2014 - 23:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега