Дончев се пофали со реализираните проекти во Виница

 

Градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев денеска даде отчет за сработеното во изминатата година.

Според него, во изминатата година се реализирани најголем дел од ветените проекти, но и проекти што не биле предвидени во програмата.

Дончев информираше дека се извршени реконструкции на водоводната и канализациската мрежа, набавени се нови возила за смет, реконструирани се локални патишта и изградени се повеќенаменско игралиште во село Истибања, градинка во село Трсино и реконструирана машинската зграда во СОУ „Ванчо Прке“.. 

За годинава најави изградба на атмосферска канализација, реконструкција на водоводната мрежа во селото Блатец, изградба на филтер станица во село Трсино, канализациска мрежа во село Лески, асфалтирање на повеќе локални патишта,како и отворање на детска градинка во село Истибања.

- Овие и сите други проекти кои ги ветивме во програмата за локалните избори се наша обвска пред граѓаните. Ние ветивме и напорно работиме тоа да го оствариме. Само со континуирана работа може да ја постигнеме нашата цел Виница да ја претвориме во просперитетна општина, рече Дончев на денешната прес-конференција.

29.01.2014 - 14:08
Фото: 
A1On

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа