За прв пат во историјата: Папата Францис на насловната на „Rolling Stone“

 

Поглаварот  на  Римокатоличката црква е првиот папа кој се најде на насловната страница на музичкото списание „Rolling Stone“.

Уредникот на „Rolling Stone“ вели дека папата за помалку од една година откако го започна својот  мандатот направи многу повеќе хумани дела  со кои  премногу се разликува од своите претходници и стана „папа на народот“.

„По катастрофалното владеење на Бенедикт, тврдокорен традиционалист, папата Францис му се насмевна на светот, тој изгледа како малечко чудо за просечниот католик“, пишува уредникот Марк Бинели.

Папата има поразлични сваќања и ставови околу бракот ,хомосексуалците, контролата на раѓање и абортусот, особено народот го заска  откако изјави: „Кој сум јас да осудувам?“.

Истиот ден ликот на Папата Францис се најде  на ѕид во близина на Ватикан го насликал папата како Супермен, што предизвика вистинско воодушевување на социјалните мрежи.

 

29.01.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега