Мисини ги згневи и Грците во САД

По бурните реакции во грчките медиуми и партии, и грчката дијаспора во САД излезе со реакција за настапот на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Хајрула Мисини на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ.

Според информациите на МИА, грчката Панмакедонска асоцијација од САД изразила незадоволство поради „инертноста“ на првите луѓе на грчкиот Парламент и министерот за надворешни работи Евангелос Венизелос на „неверојатната изјава“ на Мисини за „Република Македонија“ во грчкиот Парламент.

Во пишаната изјава на претседателот на Панмакедонската асоцијација Димитрис Хаџис, се вели дека „политичка апатија на двајцата политичари на овој предизвик без преседан од страна на пратеникот од Скопје предизвика голема загриженост во рамките на асоцијацијата во САД, но и пошироко во дијаспората“.

Хаџис смета дека „поради економската криза во Грција не смеат да се дозволат никакви попусти во врска со националните прашања“.

Грчката дијаспора реагира и на изјавата на Венизелос дека Грција е подготвена да прифати сложено име за секаква употреба кое ќе го содржи терминот Македонија. Хаџис ја повторува „цврстата позиција“ на Панмакедонската асоцијација од САД дека „огромно мнозинство Грци во сранство не прифаќаат терминот Македонија да биде дел од името“

29.01.2014 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега