Го изнајмува својот сопруг на други жени - домаќинка која знае како се заработува

 

28 -годишната Рената Коглер од Грац  пронашла начин како да го подобри семјниот буџет изнајмувајќи го својот сопруг на жени што немаат маж во куќата.

Рената го нуиди својот сопруг само за помош околу домашните обврски, како што се поправање на одредени работи во куќата и околу куќата.

„На многу жени кои се сами им недостига маж кога треба да се помести мебел во куќата, да се работи нешто во градината или да се поправат расипани уреди. Мојата идеја е да им го изнајмувам мојот сопруг Андреас на жените што се сами, а исто така и на жените чии сопрузи не можат да ги извршуваат домашните работи. Кога бев сама, ми требаше маж, некој што ќе може да ми помогне. Среќна сум што мојот сопруг можам да го споделам со жени кои се се уште сами“, вели Рената.

Таа вели дека нејзиниот сопруг е добар мајстор и дека многу жени го изнајмуваат, неговата цена е 20 долари од час.

 

29.01.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега