Несреќа на концерт: Момче се фрли од бината - публиката не го фатила, паднал и починал

Бизарна несреќа се случила за време на хеви-метал концерт во Швајцарија. Според светските медиуми, млад обожавател чиј идентитет засега е непознат, се фрлил од бината мислејќи дека толпата ќе го фати, но тие се изненадиле и исплашиле, па наместо да го фатат, тој паднал на земјата.

28-годишното момче било дел од концертот на хеви метал фестивалот, кој се одржал минатата недела во градот Солотурн  и се качил  на бината и се фрлил во публиката, но тие не го фатиле, при што за жал тој починал.

Најпрво момчето станало и отишло да се измие во тоалетот, но потоа се онесвестило, и за жал во болница им подлегнало на повредите.

 

29.01.2014 - 11:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега