Неновски: Индустрискиот раст доказ за успешна завршница на 2013та

Објавениот податок за растот на индустриското производство во текот на минатата година за 3,2 проценти, според професорот Томе Неновски  значи успешна завршница на годината на економски план што секако ќе има и свои рефлексии во однос на давањето позитивен сигнал за стопаствениците и банкарите годинава похрабро да влезат во нови инвестициски и стопански активности.

Ова, како што изјави, ќе се рефлектира и во вкупниот позитивен ефект за остварување на планираната стапка на бруто-домашен производ во оваа 2014 година.

- Многу е битно да се нагласи кога се анализира структурата на порастот на индустриското производство дека најголем дел се должи на порастот на преработувачката индустрија дури преку 13 проценти што е извонреден показател ако се има предвид дека и во претстојниот период би рекол аналитички очекуваме преработувачката индустрија исто така и понатаму да биде еден од главните носители на економскиот растеж, истакна Неновски.

Додаде дека има и битна друга карактеристика што делува охрабрувачки, а тоа е дека ако по одделни индустриски гранки се анализира порастот на индустриското производство ќе се забележи пораст и тоа значаен на т.н. капитални индустриски производи за над 43 проценти. Понатаму, пораст на трајни и нетрајни потрошни добра за животна потрошувачка, значи производи што во себе содржат висока стапка на додадена вредност што има соодветно значајно влијание во формирањето на конечната стапка на пораст на БДП.

Појасни дека со оглед на тоа дека тие елементи се запазени во индустриското производство веќе сега може да се рече дека во конечната пресметка која ќе ја добиеме кон средината на март ќе се утврди дека БДП на земјата во минатата година заминал некаде дури можеби над три проценти.

Неновски очекува дека ќе се добие податок за некаде од прилика раст од 3,2 проценти на БДП.

Државниот завод за статистика вчера објави дека индустриското производство во текот на минатата година забележа пораст од 3,2 проценти, а во декември 2013 во однос на декември 2012  раст од 9,5 отсто. 

29.01.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега