Украинската Влада: Ќе ги вложиме сите напори за да се надмине кризата

Украинската Влада е подготвена да ги вложи сите напори за да се надмине големата криза која трае веќе два месеци. Ова денеска го изјави премиерот Сергеј Арбузов.

- Тешкиот дијалог меѓу власта и опозицијата продолжува. Должни сме заедно да сториме се за да ја стабилизираме ситуацијата, нагласи Арбузов и додаде дека компромисот е можен, само доколку двете страни имаат меѓусебна почит. 

Инаку, штетите нанесени на зградите и улиците во украинскиот главен град за време на демонстрациите се проценти на околу 20 милиони гривни или 2,5 милиони долари.

29.01.2014 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега