Средба Џафери-Котромановиќ: Македонија и Хрватска имаат одлична соработка во областа на одбраната

 

Македонија и Хрватска имаат одлична соработка во облата на одбраната и тоа е  темел за развој на добрососедските односи на регионално ниво, оцениле на денешната средба во Загреб министрите за одбрана на двете земји, Талат Џафери и Анте Котромановиќ.

Министерството за одбрана информира дека соговорниците на средбата размениле мислења за идните начини на соработка во рамки на новата мисија на Алијансата во Авганистан по 2014 година – „Одлучна поддршка“.

- Џафери и неговиот домаќин Котромановиќ го потпишаа и билатералниот договор помеѓу двете земји за изработка на предаквизициска студија за потребите на проектот БРААД (Балкански регионален пристап кон противвоздушната одбрана), што претставува чекор напред кон реализација на проектот, соопшти Министерството за одбрана.

Спогодбата за билатерална соработка меѓу Македонија и Хрватска од 2000 година досега е  развивана во неколку области: обуки и школување на припадници на Армијата на Република Македонија во Хрватска, активно учество во САД -Јадранската повелба, „Клирингхаус на ЈИЕ“, иницијативата СЕДМ, Центарот за безбедносна соработка РАКВИАК, како и во иницијативите кои се во духот на концептот „паметна одбрана“ (Балканскиот регионален пристап кон ПВО, регионалните медицински сили и центри за обука.

28.01.2014 - 16:26
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега