Во декември пораст на индустриското производство за 9,5 проценти

Државниот завод за статистика денеска објави дека индустриското производство во текот на минатата година забележа пораст од 3,2 проценти. Според податоците, во декември 2013 во однос на декември 2012 издустриското производство бележи раст од 9,5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 13,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.

Производството во декември 2013 година, во однос на декември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 43,8 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,1 отсто.

28.01.2014 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега