Словенија и се закани со тужба на Хрватска за случајот со „Љубљанска банка"

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец соопшти дека Словенија против Хрватска ќе покрене тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, доколку нема друга опција во случајот со „Љубљанска банка".

Тој истакна дека Словенија ќе ја тужи Хрватска, доколку хрватските судски пресуди на некој начин бидат спроведени во неговата земја. Ерјавец додаде дека тоа не е можно според словенечките закони, но оти негова должност е да и предложи на словенечката Влада тужба пред Меѓународниот суд на правдата доколку нема други опции.

Словенечката страна е незадоволна бидејќи пред хрватските судови продолжија процесите против словенечките банки во случајот со пренесените заштеди на „Љубљанска банка“, иако минатата година хфватскиот премиери Зораљн Милановиќ и неговиот тогашниот словенечки колега Јанез Јанша потпишаа меморандум со кој треба да се регулира тоа прашање.

28.01.2014 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега