Димовски: Каков е тој стан кој Шеќеринска го издава за 5300 евра месечно

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска во собранието ја праша Радмила Шеќеринска каков е тој стан од кој за кирија месечно пратеничката добива по повеќе од 5.300 евра.

„Госпоѓо Шеќеринска, во поглед на вашиот анкетен лист. На едно место велите дека годишен приход од издавање на стан имате 3.911.641 денар или преведено во евра госпоѓо Шеќеринска, значи дека од издавање на само еден стан годишно вие остварувате приходи од  од 63.811евра или госпоѓо Шеќеринска тоа значи дека вие за издавање на еден стан инкасирате по 5317 евра месечно. Е баш ме интерсира, немојте мене да ми одговарате, но завртете се на вашата пратеничка група, овие луѓе кои доаѓаат од ширум Македонија и патуваат по 3 саати за да дојдат на седница. 5317 евра, толку докторите во Германија не заработуваат месечно. Значи доктор специјалист во Германија незаработува толку колку што вие заработувате од издавање на еден стан, според Вашиот анкетен лист. Затоа госпоѓо Шеќеринска кога ширите нервоза и омраза кон сите околу вас, прво завртете се сама кон себе и преиспитајте ги сите прашања кои што се поврзуваат со вашето име“ - рече Илија Димовски.

Инаку според имотниот лист, Радмила Шеќеринска и нејзиното семејство имаат завидна имотна состојба. Според податоците објавени на сајтот на Антикорупциската комисија, Шеќеринска и семејството имаат пријавен имот од близу 350.000 евра. Тука не е пресметана вредноста на станот на сопругот на Шеќеринска од 61 квадрат во Скопје. Покрај него, брачниот пар Шеќеринска-Јанковски има и два стана во СКопје со вкупна површина од 228 квадрати и уште еден стан во Охрид од 60 квадрати. Во имотниот лист, освен 19.000 евра кои Шеќеринска ги чува во банка, не се наведени сумите на останатите картички и орочени депозити. 

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци ја обвини Шеќеринска дека не ја пријавила и луксузната вила во Маврово но заменичката на Заев изјави дека станува збор за имот на нејзината свекрва.

Кликнете на сликата за поголема верзија

 

28.01.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега