Снежните лавини на Алпите однесоа две жртви

 

Двајца дански скијачи загинаа откако беа затрупани од снежна лавина на француските Алпи.

Телата на загинатите кои биле браќа, на возраст од 41 и 45 години, се пронајдени неколку метри под снежната покривка во ски-центарот Алп д’Јуез, каде биле ангажирани како сезонски работници.

Браќата во неделата заминале на скијање, но не се вратиле при што биле прогласени за исчезнати.

Според податоците на надлежните власти, на француските Алпи секоја година во лавини гинат меѓу 30 и 50 луѓе.

28.01.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега