Почина повреденото момче од автобусот кој го нападнаа во Албанија

Две лица вчера беа ранети во Јужна Албанија, откако вооружен напаѓач нападна автобус со 16 патници, во градот Тепелене, на 190 километри јужно од Тирана. Се работи за 25-годишен маж и 19-годишна жена кои се здобиле со повреди, по што итно беа префрлени во болница.

За жал, денеска и покрај лекарите на докторите да му го спасат животот, 25-годишниот Лаурент Табаку од Елбасан кој беше повреден во нападот, им подлегна на повредите.

Инаку, за време на нападот, возачот на автобусот наместо да застане, дал гас, по што разбојниците почнале да пукаат. 

Полицијата распиша награда од 10.000 евра за оној кој ќе даде полезна информација за откривање на напаѓачите.

 

28.01.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега