Гевгелиските пожарникари со полни раце работа - во една ноќ интервенирале шест пати

Гевгелиските пожарникари за само една вечер интервенирале шест пати за гаснење на пожари. Според податоците од територијалната противпожарна единица во Гевгелија, за една ноќ имало шест интервенции за запалени оџаци на куќи и станбени згради во градот.

Пожарникарите упатија апел до граѓаните, задолжително да ги исчистат оџаците доколку тоа досега не го сториле за да не дојде до несакани последици.

28.01.2014 - 13:12
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега