Со фалс документи фирма од Скопје сакала да земе набавка за Музејот на ВМРО

 

Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична против 49-годишниот скопјанец М.Т. управител на Друштвото за производство, градежништво, промет и услуги „ПРОТОТИП ДООЕЛ“ Скопје, ул.„Сава Ковачевиќ“ бр. 47-А, за фалсификување исправа.

СПоред податоците од МВР, пријавениот, во својство на управител на „Прототип“ ДООЕЛ Скопје, како дел од група на понудувачи заедно со фирма на објавениот оглас од страна на Министерството за култура на РМ за доделување на јавна набавка со примена на Отворена постапка за – “Изведување на работи за дополнување на музејската поставка на НУ  - Музеј на македонската борба за државност и самостојност“-„Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим“ – Скопје, поднел понуда во која меѓу другите документи потребни за учество на тендерот доставил и Уверение за платени даноци и придонеси од одреден датум, од Министерството за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, но при проверката на личната состојба на понудувачите, Комисијата за јавни набавки утврдила нелогичност во Уверението приложено од страна на „Прототип“ ДООЕЛ Скопје, по што извршиле проверки во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од каде со допис биле известени дека таков документ со посочениот архивски број не бил издаден на оваа фирма. 

Министерството за култура со допис се обратило до Управата за јавни приходи на РМ, по што добиле одговор дека даночниот обврзник „Прототип“ ДООЕЛ Скопје, се води, и е во надлежност на УЈП - Дирекција за големи даночни обврзници и дека Уверението што било приложено било издадено на друг даночен обврзник (друга фирма) и истото никогаш не било издадено и деловодно заведено на име на „Прототип“ ДООЕЛ Скопје. Притоа е напоменато од страна на УЈП дека фонтот на буквите кој е употребен во приложеното Уверение не се употребува при изработка на документи од страна на УЈП. Во дописот било посочено дека поради долг по основ на Данок на додадена вредност во висина од 56.568.431 денари и камата во износ од 9.081.940 денари, како и по основ на долг од месечни плати и придонеси за 03 и 04 месец 2013 година во вкупен износ од 8.677.802 денари, на даночниот обврзник „Прототип“ ДООЕЛ Скопје не би можело да му се издаде Уверение за платени даноци и придонеси.

28.01.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега