Милановиќ со низа реформи во неодржливите системи меѓу кои образованието и здравството

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ најави низа реформи на неодржливите системи, како што се здравството и образованието, потоа реструктуирање на државната управа, јавните служби и правосудниот систем.

“Ќе биде реформирано законодавството во сферата на работните односи, ќе продолжи реструкуирањето на државните и јавните претпријатија, рационализацијата на државните агенции и управувањето на државиот имот”, вели Милановиќ.

Тој додаде дека и дека влегувањето во процедурата за прекумерен дефицит, што треба да биде потврдено од Советот на министрите за финансии на Европската унија во Брисел, не е никаква казна за Хрватска, бидејќи тие процедури ги минале речиси сите европски држави.

Милановиќ во Саборот, каде прв пат поднесува извештај за одржаните состаноци на Европскиот совет минатата година, нагласи дека тоа е механизам, кој ќе и помогне на Хрватска без политички калкулации и одолговлекувања да доведе ред и да ги спроведе реформите, кои ги одложува.

28.01.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега