Се помалку надеж за Шумахер

 

Поранешниот светски шампион во трките за Формула 1, Михаел Шумахер може да остане во „вегетативна состојба“ до крајот на својот живот, без да излезе од кома, пишува лондонски „Дејли Мирор“ повикувајќи се на изјави на француските лекари кои го лекуваат прославениот германски возач.

Шумахер се наоѓа во лекарски предизвиканата кома уште од 29 декември, кога по падот за време на скијањето во француските Алпи, беше итно пренесен на лекување во болницата во Гренобл.

Во изјава за весникот, лекарите велат дека здравствената состојба на Шумахер не се подобрува. Тие изразуваат загриженост за конечниот исход од лекувањето, затоа што со секој нов ден поминат во коматозна состојба, се зголемува ризикот Германецот никогаш да не излезе од неа.

Според лекарското објаснување, тие немаат намера да го извадат од таквата состојба, затоа што стравуваат дека во тој случај во мозокот на Шумахер би можело да дојде до крвавење.

Медицински предизвиканата кома значи намалување на потребата на мозокот за кислород, а на тој начин и од намалено изложување на било каков стрес, што за пациентот може да биде фатално.

Михаел Шумахер беше на зимување во француските Алпи со своето семејство, кога скијајќи се својот син, надвор од одбележаната патека, падна и со главата удри во една карпа. Француските лекари тврдат дека доколку не носел на главата заштитен шлем, ќе умрел на самото место на инцидентот.

Во последното соопштение на болницата во Гренобл се вели дека здравствената состојба на Шумахер останува стабилна но и понатаму критична.

28.01.2014 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега