Неготинчанец го наполнил автомобилот со мигранти и тргнал на пат

38-годишниот неготинчанец Г.Г. си заработи кривична пријава поради “криумчарење на мигранти”.

Соред податоците од полицијата, пред два дена, околу 21 часот, пријавениот бил забележан на локалниот пат Јосифово-Калково со својот автомобил марка „волво“. Кога бил запрен од полицијата, во возилото били пронајдени тројца мигранти, кои сега се сместени во прифатен центар за странци во Скопје.

Неготинчанецот си заработи притвор во времетраење од осум месеци.

28.01.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега