"Милет": Можно е четири автомобили да се искористат за терористички напади во Турција
Како што пишува весникот „Милиет“ турската полиција добила информација од разузнавањето за четири автомобили, за кои постоела можност да бидат искористени од терористички организации во извршување терористички напади.
Станува збор за два лесни товарни автомобила, за еден камион и за автомобил со странски таблички.
Главната дирекција за безбедност и командата на жандармеријата на своите одделенија низ целата земја им ги соопштиле регистерските таблички на проблематичните автомобили и своите вработени ги повикале на будност.
28.01.2014 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа