Убиен министерот за внатрешни работи на Египет

Убиен е функционерот на египетското Министерство за внатрешни работи, Мохамед Саед од страна на непознати напаѓачи кои денеска се нашле пред неговата куќа во Каиро.

“Генералот Мохамед Саед, шеф на техничката канцеларија во Министерството за внатрешни работи, бил цел на вооружените напаѓачи, кои го убиле од автомобил во движење по што експресно побегнале”, изјави претставник на полицијата.

Соборениот исламистички претседател Морси, со хеликоптер од затворот Борг ел Араб во Александрија пристигна во Каиро на судење за бегството од египетските затвори во 2011 година на околу 20.000 лица, пренесоа американските медиуми.

Околу 130 обвинети во овој процес на судењето во Каиро пристигнаа со автобуси, а меѓу нив се и припадници на палестинската екстремистичка група Хамас и либанската група Хезболах.

Адвокатот на одбраната изјави дека цел на судењето е „клеветење“ на Морси и на движењето Муслиманско братство.

Тоа е второ појавување на Морси пред судот откако со воен преврат беше соборен од власта на 3  јули минатата година.

28.01.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега