Почна пријавувањето за Скопскиот маратон
Деновиве и официјално почна пријавувањето за најголемата спортска манифестација „Скопски маратон 2014“ и до сега се регистрирани учесници од 15 земји (Македонија, Холандија, Албанија, Турција, Франција, Данска, Австрија, Велика Британија, Финска, Германија, Романија, САД, Полска, Бугарија и Србија). Годинава Скопскиот маратон 2014 ќе се одржи на 11. мај, традиционално во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје.
Стартниот пакет, кој содржи маица со логото на трката, стартен број со чип, програма за трката и освежување, ќе се подига на 8 и 9 мај, во периодот од 10 до 19 часот, а на 10 мај од 10 до 17 часот. Местото на подигање ќе биде дополнително објавено. Котизацијата се плаќа при пријавувањето преку интернет или преку уплатница. Плаќањето треба да биде извршено најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на пријавата, во спротивно нема да биде гарантиранстартен пакет.
Oд Градот Скопје предупредуваат дека на денот на трката нема да може да се подига стартниот пакет.
При подигање на стартните пакети мора да се покаже лична карта (или патна исправа за странските натпреварувачи), или потврда за онлајн плаќање или уплатница. Без овие документи нема да може да се подигне стартниот пакет.
Котизација:
- за маратонската трка > 500 денари
- за полумаратонската трка > 500 денари
- за трката на 5 000 метри > 250 денари
Последен рок за пријавување за маратонот и полумаратонот е 20. април 2014, а за трката на 5000 метри 30 април 2014.
За повеќе информации јавете се во Сојуз на спортови на Скопје на тел: +389 2 3228624 или на емаил info@skopskimaraton.com.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа