Колку пива можат да си дозволат Македонците?

 

Податоците за „пивскиот стандард“ во Европа покажуваат дека со минималната плата во Македонија може да се купат 196 шишиња пиво, во Србија 186, Бугарија 177, а во Романија 176 пива.

Податоците објавени на www.imgur.com покажуваат дека најмногу шишиња пиво со минимална плата, дури 1.028, може да се купат во Белгија, додека најмалку, само 36 во Грузија. Во Албанија минималната плата овозможува 216, а во Грција за 227 шишиња пиво.

Во земјите како Италија, Швајцарија, Австрија и скандинавските држави или нема податоци или, пак, нема минимална плата, додека пресметките за Германија се базираат на очекувањето минимална плата да се воведе од наредната година.

Податоците за пивската карта на Европа се според цените објавени на сајтот www.pintprice.com каде се дадени податоци за средната цена на чинење на шише пиво.

28.01.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега