Гостиварчанка претрпела струен удар од електрична правосмукалка

 

Четириесет и едно годишната А.Ф. од струен удар од електрична правосмукалка добила изгореници и повреди на рацете и телото.

Жената е вон животна опасност, но е префрлена на лекување на скопските клиники.

Според полициски извори таа во семејниот дом во Гостивар, ја вклучила правосмукалката. Од засега неутврдени причини таа претрпела струен удар и паднала во бессознание.

Била реанимирана во гостиварската болница, а поради повредите и изгорениците попладнево била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје. Се испитуваат околностите кои довеле до невообичаениот настан.

27.01.2014 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега