Гаук му испрати писмо на Путин по повод 70-годишнината од ослободувањето на Ленинград

Втората светска војна нанесе длабоки рани во односите меѓу Русија и Германија, изјави германскиот претседател Јоахим Гаук.

Тој во писмото испратено од рускиот претседател Владимир Путин по повод 70-годишнината од ослободувањето на Ленинград наведува дека со „длабока болка и срам размислува за војната што нацистичка Германија ја водеше против Советскиот Сојуз“.

Опсадата на Ленинград почна на 8 септември 1041 година и траеше 872 денови. Градот е ослободен на 27 јануари 1944 година по советската контраофанзива. Се проценува дека за време на опсадата настрадале од 300.000 до 1,5 милиони луѓе, а според советските власти 600.000 лица починале од глад, болести и студ.

Путин порача дека целиот свет треба да се сеќава на подвигот на советскиот народ, жителите на Ленинград и човечките жртви поднесени поради заедничката победа над фашизмот.

Тој потсети дека само за четири месеци од почетокот на опсадата на градот починале 360.000 луѓе, приближно колку што Велика Британија загубила во текот на целата војна.

Путин положи венец на споменикот посветен на жртвите од опсадата во Санкт Петербург. 

 

27.01.2014 - 18:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега